Камион се преврте на патот Неготино Велес, по удар во патарината кај Градско

Камион се превртел синоќа на патот Неготино – Велес откако удрил во патарината кај Градско која веќе не е во функција. Во несреќата е повреден возачот кому му била укажана лекарска помош во болницата во Велес. 

– На патот Неготино-Велес, на стара наплатна станица „Градско“ која веќе не е во функција,  синоќа во 22:15 часот влекач сканија со велешки регистарски ознаки и полуприколка гоша, управуван од Б.Ј.(59) од Богданци, удрило во бетонски ѕид од наплатната станица и се превртел на коловозот, наведува Министерството за внатрешни работи во редовниот дневен Билтен.

Увид на местото извршила екипа од СВР Велес.