Камила Харис ги откажа патувањата, членови на персоналот позитивни на Ковид-19
Претседателката на кампањата на Џо Бајден денес изјави дека кандидатот за потпретседател Камала Харис ќе ги прекине личните настапи до понеделник, откако две лица поврзани со кампањата беа позитивни на корона вирус. Бајден не бил изложен, иако тој и Харис поминаа неколку часови во кампања заедно во Аризона на 8 октомври.
Харис требаше да патува денес во Северна Каролина за настани со кои ги охрабрува гласачите да гласаат предвреме.
Директорот за комуникации на Харис и член на екипажот за летање биле позитивни по неодамнешното патување за време на кампањата.
„Ниту едно од овие лица немало никаков контакт со потпретседателот Бајден, со сенаторот Харис или со кој било друг член на персоналот од позитивното тестирање или во период од 48 часа пред нивните позитивни резултати од тестот“. Но, О’Мали Дилон рече дека Харис ќе ги прекине патувањата неколку дена „од претпазливост“.
Харис и Бајден поминаа неколку часа заедно тој ден патувајќи во повеќе градови, на приватни состаноци и заедничко појавување пред новинарите на аеродром. Тие беа со маски во секое време пред јавноста, а помошниците изјавија дека биле со маски и приватно. Бајден и Харис оттогаш имале повеќе негативни тестови. Харис има два теста од 8 октомври, неодамна во средата, рече Омали Дилон. Последниот најавен негативен тест на Бајден беше во вторникот. (АП)