Камикази на скопските улици, речиси 150 лица казнети за пребрзо возење


Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден на територија на град Скопје изрекло дури 513 санкции, меѓудругото за пречекорување на дозволената брзина на движење 148 прекршоци, за нерегистрирани и технички неисправни возила 39, 82 санкционирани мотоциклисти и четири одземени мотори, 75 мерки за непрописно паркирани возила и 72 возила подигнати со пајак (вкупно 147.

Изречени се и 104 санкции за неносење на заштитна маска. Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. МВР апелира граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да водат сметка за безбедноста во сообраќајот.