Камчев утрово на распит за „Рекет“

Орце Камчев, според неофицијални информации на „Правосудство.мк“, утрово давал  исказ во Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, каде што дава исказ за случајот „Рекет“. Според информациите, Камчев утрово се вратил во земјава и веднаш се упатил кон Обвинителството каде што, засега, а во рамки на преметот „Рекет“ има статус на сведок.

Камчев го обвини Боки 13 и неговиот партнер Кичеец дека го рекетирале, односно дека прво му ветувале укинување на мерката притвор, па на куќниот притвор и враќање на патната исправа, но и комплетно запирање на сите активности на СЈО поврзани со предметот „Империја“, а во кој тој е првоосомничен.

Камчев обвини дека му било ветувано дека зад него требало да застане лично Катица Јанева, а тој за возврат требало да даде осум милиони евра.