Камчев треба да се јави на одлежување на затворската казна, доби упатен акт
Судија за извршување на санкциите му упатил акт на бизнисменот Орце Камчев за одлежување на казна затвор од 8 месеци, откако тој призна вина за големиот случај „Империја”, со која доби една година затвор и уплати во УЈП отштета на државата од 5,2 милиони евра, но за кривичните дела само до 2009 година.
„Империја“, во која се осомничени покрај Камчев и Сашо Мијалков и уште 12 други лица, опфаќа кривични дела до 2018 година и според Државното обвинителство со кое раководи Љубомир Јовески, ова признание на вина со кое Камчев доби година дена затвор и уплата во Буџетот на 5,2 милиони евра, се однесува само на делата што ги сторил тој до 2009 година.
Камчев пред неколку дена призна вина за злоупотреба на службената положба и овластувањата и веднаш ѝ врати на државата злоупотребени 5,2 милиони евра.
Дали ќе ужива во отворено одделение заедно со Зоран Милески – Кичеец, осуден во „Рекет”, но и за сообраќајка во која загина човек, а уште шестмина беа повредени, Судот не можеше денес да даде одговор без консултација со другите институции.