Орце Kамчев се спогоди за „Империја“: Плати 5 милиони евра и доби една година затвор


Процесот за случајот „Империја“ доби забрзан тек откако бизнисменот Орце Камчев се спогоди со обвинителството да признае вина, да ѝ плати на државата 5 милиони евра и да добие една година затвор.

Во средата судијата на претходна постапка ја потврди казната од една година затвор претходно договорена со Љубомир Јовески, Вилма Русковска и Лиле Стефанова.

Ова го изјави шефицата на Обвинителството за организиран криминал и корупција Вилма Русковска во интервју за емисијата „Топ тема“ на телевизија Телма.

Камчев, како што јавува Телма, оваа недела уплатил 5,2 милиони евра на Управата за јавни приходи заради пресметан неплатен данок со фирмата „Орка холдинг“ и „Кара“.

Како што јавува Телма, пред 15 дена, Камчев и неговите адвокати тропнале се јавиле кај надлежниот обвинител и понудиле спогодба. Откако Лиле Стефанова како надлежен обвинител, и шефицата на организиран Русковска се согласиле со понуденото, побарале и добиле согласност од јавниот обвинител Љубомир Јовевски.

Парите на Камчев се чисти, тврди Русковска, според која подобро е спогодба и уплата веднаш, отколку дологогодишни судски процеси и заплени на имот кој тешко се продава.