Камбовски: Би било преседан доколку ЕУ ги прифати бугарските барања

Коментирајќи ја работата на меѓудржавата комисија за утврдување на можноста за заедничко одбележување на настани и личности од историјата, Академик Камбовски во интервју за „Слободен печат“ смета дека е направена голема грешка што во преден план се пуштени историски теми кои биле дискутабилни и ќе останат како такви уште долго време.

Тој смета дека е беспредметно за идентитетот да се преговара. Во однос на толкувањето на историјата Камбовски вели дека „мора да дозволите можност дека постои „софиска школа“ и дека постои еднакво вредна „македонска школа“ на толкувања“.

Оттаму Академик Камбовски вели дека би било невиден преседан доколку Унијата ги прифати барањата на Бугарија.