Каљтрина е бренд амбасадор на Ист гејт мол-убавината и модата се споија на предновогодишна ревија


Новиот трговски центар Ист гејт мол секојдневно наликува на модна писта, а вчера на предновогодишната празнична ревија беа промовирани Модната Авенија и модни комбинации како да изгледаме за празниците или со какви подароци под елката да ги израдуваме најблиските и пријателите. На ревијата беа поканети гости во првите редови, а потоа посетителите можеа да уживаат во манекен(к)ите и во креациите додека се симнуваа по ескалаторите на Ист гејт мол.

На црвениот килим внимателно се следеа модните комбинации, како стилски микс од гламурозни парчиња облека, обувки, накит и дополнителни аксесоари од голем број брендови, достапни во продавниците во Ист Гејт Мол,како Mango, Dan John, Miss Sixty, Parfois,Hugo Boss, Rebecca, и многу други.

Водител на настанот беше Димитар Атанасовски, манекенките беа од модното студио „Црнокрак“, а модното дефиле го затвори атрактивната Каљтрина Круезиу Балаш, мејк-ап артист и професорка по солфеж која е бренд амбасадот на Ист гејт мол.

Трговскиот центар за овој викенд најавува богата новогодишна програма.

Фото: Ист гејт мол