Калин Ивановски полуфиналист на ИТФ фјучрсот во Скопје


Најдобриот македонски тенисер, Калин Ивановски ќе игра во полуфиналето на ИТФ фјучрсот во Скопје.

Ивановски денес требаше да игра со Мирза Башиќ од Босна и Херцеговина кој го предаде мечот поради повреда.

Македонецот утре во полуфиналето ќе игра со победникот од мечот Миљан Зекиќ (Србија) и Ерги Киркин (Турција). 

Турнирот во Скопје се игра за награден фонд од 25.000 долари.