„Калевала“ со концерт во Кичево по повод Денот на независноста

Групата „Калевала“ ќе одржи концерт во Центарот за култура „Кочо Рацин“ во Кичево по повод Денот на независнота 8-ми септември. Концертот ќе биде во сабота на 7 септември со почеток во 20 чаот, влезот е слободен.

Група „Калевала“ ја сочинуваат Јасна Николовска-Овчаровска (вокал), Владимир Овчаровски (гитара), Зоран Павлоски (контрабас) и Горан Спасевски (перкусии)

Приказната на „Калевала“ започнува во 2008 година. Низ музичкото дружење групата постепено го гради репертоарот кој денес е составен од преработки на песни од различни делови на светот. „Калевала“ со своите настапи на фестивали и културни манифестации во земјава и пошироко, го оформи својот израз кој го спакува во два компакт диска во сопствена продукција. Потребата од авторско изразување вроди и со снимени десет авторски песни кои ја следат истата инспирација. Овој авторски материјал во себе го носи воодушевувањето од природата и животот и почитта кон убавината во луѓето од било кој дел од планетава.