Календар „Пирели 2020“ : Јулии на новото време


Италија– „Пирели“ го најавија новиот календар. Во светските медиуми веќе се појавија првите работни фотографии, со кои воедно се откри и кој ќе го работи новиот календар, како и кои се главните ѕвезди.

Главната тема за 2020 ќе биде „Ромео и Јулија“, а автор е фотографот Паоло Роверси.

Тој дава негово, ново толкување на познатата драма на Шекспир, а за интерпретацијата на истото се ангажирани осум познати дами, за кои смета дека се „Јулии на новото време“.

Актерките Клер Фој, Кристен Стјуарт, Ема Вотсон, Индија Мур, пејачката Росалија, кинеската поп ѕвезда Крис Ли, како и актерките Миа Гот и Јара Шахиди се лицата кои ќе ги гледаме на „Пирели 2020“.

„Сè уште ја барам својата Јулија и ќе ја барам целиот живот. Затоа што, Јулија е сон“, вели Роверси за новата „Пирели“ приказна.

Фотосесиите се снимани во мај во Верона, и во Париз.

Првото издание од култниот календар е објавено во 1964.

Календарот, прво како подарок на елитните клиенти на италијанската компанија за гуми, прерасна во култен календар кој го слави телото на жената. Сите се славни личности, а позираат исклучиво пред славни фотографи. Последните години календарот се свртува и кон личноста на жените кои позираат како и годинава кога се слави субјектот наместо објектот. Календарот „Пирели“ не е во продажба и го добиваат само 100 илјади претплатници низ светот.