Какви несакани ефекти може да се појават ако земате премногу витамин Цe?


Прекумерното консумирање на витамин Цe може да има некои несакани ефекти – од благи дигестивни проблеми до некои сериозни здравствени проблеми.

Витаминот Цe е клучна хранлива материја која се наоѓа во многу видови овошје и зеленчук и е неопходен за одржување на здрав имунолошки систем. Сепак, земањето премногу додатоци може да има некои несакани ефекти.

Бидејќи нашето тело не складира или произведува витамин Цe, важно е да јадеме храна што го содржи овој витамин. Дури и во високи дози, витаминот Цe не е токсичен, но некои од најчестите несакани ефекти кои можат да се појават при високи дози се дијареа, гадење, грчеви и други гастроинтестинални проблеми.

Меѓутоа, доколку земете поголема од препорачаната доза, вашето тело може да има потешкотии да ја преработи и може да настанат негативни последици. Важно е да се напомене дека додатоците на витамин Цe обично се непотребни бидејќи повеќето луѓе лесно можат да добијат доволно од овој витамин со јадење свежа храна, особено овошје и зеленчук.

Дигестивни симптоми

Најчестиот несакан ефект од прекумерната консумација на витамин Цe се дигестивни нарушувања, а тоа се јавува главно како резултат на земање високи дози на суплементи на витамин Цe. Најчестите дигестивни симптоми вклучуваат дијареа и гадење.

Според Healthline, пријавено е дека прекумерното внесување доведува до рефлукс на киселина, иако научните докази не го поддржуваат тоа.

Познато е дека витаминот Цe ја подобрува апсорпцијата на железо. Сепак, луѓето кои имаат состојби кои го зголемуваат ризикот од акумулација на железо во телото, како што е хемохроматоза, треба да бидат внимателни со додатоците на витамин Цe.

Во такви случаи, прекумерното внесување на овој важен витамин може да доведе до преоптоварување со железо, што може да биде штетно за срцето, црниот дроб, панкреасот, тироидната жлезда и централниот нервен систем.

Камен во бубрегот

Вашето тело го излачува вишокот витамин Цe како оксалат, отпаден производ кој излегува од телото преку урината. Меѓутоа, под некои околности, оксалатот може да се врзе за минералите и да формира кристали што може да доведат до камења во бубрезите.

Прекумерното консумирање на витамин Цe може да го зголеми количеството на оксалати во урината, што го зголемува ризикот од развој на камења во бубрезите, пишува Healthline. Високиот внес на витамин Цe не е поврзан само со поголеми количини на оксалати во урината, туку е поврзан и со развој на камења во бубрезите, особено ако консумирате повеќе од 2.000 mg на ден.

Треба да се напомене дека е речиси невозможно да се внесува премногу витамин Цe само од храната, но доколку земате и суплементи, треба да внимавате на внесувањето.