Како топлината влијае на мозокот: Правете една работа редовно
Како топлината влијае на мозокот?
Додека поминуваме низ уште еден топлотен бран, многумина се загрижени за ефектите од екстремната топлина врз здравјето, а особено врз функцијата на мозокот.
Неколку студии покажаа дека студентите, како и вработените, имаат потешкотии во извршувањето на нивните редовни обврски бидејќи температурата почнува да расте.
Според д-р Елизабет Филипс, клинички невролог, когнитивните функции на мозокот се под влијание на топлината. „Високите температури можат да ја забават работата на нервните влакна, што значи дека пораките вообичаено не можат да стигнат до мозокот или од него до другите органи“, објаснува докторот.
„Лице изложено на високи температури може да доживее замор, слабост и проблеми со видот и рамнотежата. Ова се случува затоа што тогаш хипоталамусот, делот од мозокот кој ја регулира нашата температура, мора да работи прекувремено.
„Овој дел од мозокот е исто така под влијание на хормонални промени и тоа, во комбинација со високата температура, влијае на функцијата на мозокот, расположението и когнитивните способности“, вели д-р Филипс.
Симптомите на влијанието на топлината врз мозокот се:
главоболка
вртоглавица
конфузија
губење на апетит
гадење и
летаргично расположение.
На високи температури, несаканите протеини и јони можат да стигнат до мозокот, што влијае на неговото функционирање. “На 40 степени, бариерата што го штити мозокот се олабавува. Овозможува не само потребните хранливи материи и кислород да стигнат до него, туку и несаканите честички”, предупредува д-р Елизабет.
Поединците кои страдаат од невролошки заболувања како мултиплекс склероза и Алцхајмерова болест се особено изложени на ризик, бидејќи тие се особено чувствителни на оштетување и уништување на мозочните клетки што може да настанат како резултат на изложеност на високи температури.
Главниот начин да се заштитиме од овој ефект и да ги намалиме штетните последици е хидратацијата – дехидрацијата е таа што ја намалува невролошката активност на мозокот. Затоа е важно секогаш да имате шише вода со вас, да се навикнете да пиете вода со други пијалоци – секогаш кога пиете кафе, безалкохолен пијалок или алкохол, што не се препорачува на жештина.