Како темелно да ги исчистите радијаторите?


Иако го исполнуваат домот со пријатна топлина, радијаторите се вистински собирачи на прашина.

Поради големата количина на влага која се создава во студените денови, црните дамки кои се појавуваат на ѕидот зад радијаторот можат да бидат ноќна мора за секоја домаќинка.

Постојат трикови кои ќе ви помогнат темелно да ги исчистите радијаторите и црните дамки на ѕидот.

Првиот чекор во чистењето на радијаторот е правосмукалката, со што ќе се исчисти правот од, околу и под радијаторот. Може да помогне и фен, кој ќе ја турка прашината кон подот, а потоа едноставно ќе ја исчисти со правосмукалка.

За тешко достапните делови, обидете се со следниов начин: на врвот на долг стап ставете крпа, која добро ќе ја прицврстите, а потоа турнете ја по задниот дел од радијаторот.

За да ја избришете површината на радијаторот, потребна ви е памучна крпа натопена во сок од лимон. Исцедете два лимони и натопете крпа, темелно избришете го радијаторот, а потоа избришете го со влажна крпа.

Темните дамки на ѕидот можете да ги отстраните така што ќе посипете кесичка сода бикарбона на сува крпа и ќе го триете ѕидот.