Како станаа легендарни – „Ролинг стоунс“ слави 60 години постоење (фото)

Нивниот прв концерт беше во лондонскиот клуб Марки на 12 јули 1962 година. Шест децении подоцна, концертите на Стоунс сè уште се меѓу најголемите рокенрол настани во светот


Тие продолжуваат да се тркалаат: Стоунс сè уште се на турнеја низ Европа, 60 години откако бендот ја одигра својата прва свирка во лондонскиот клуб Марки на 12 јули 1962 година. Нова документарна серија од четири дела на BBC, „Мојот живот како Ролинг Стоун“, се фокусира на четирите основни членови, Мик Џегер, Кит Ричардс, Рони Вуд и покојниот Чарли Вотс. 

Бендот е основан на 12 јули 1962 година, и зад себе има 25 студиски албуми. Во постојан состав денес се Мик Џегер, Кит Ричардс и Рони Вуд, а во минатото тука членувале и покојните Чарли Вотс, Брајан Џонс, Бил Вајман, Мик Тејлор и Ијан Стјуарт.

Групата, по повод одбележувањето 60 години од основањето на групата на 1 јуни ја отвори својата европска турнеја со настап во Мадрид.

Еве како тие станаа толку легендарни низ фотогалерија: