„Како среде зима!“: Снег во делови од Србија, Копаоник изгледа како во јануари (видео)

Утрово во планинските подрачја на Србија паѓа снег. На Копаоник, изгледа како јануари, на средина од сезоната. Снег беше забележан во околината на Пријепоље, на Рудно и Сјеница, јави Н1.
Од раните утрински часови, минувањето на студен фронт проследен со силен северен ветер предизвика нагло опаѓање на температурата.
Во утринските часови, дождот полека се претвори во лапавица, а потоа и во снег. Висината на снежната покривка е два сантиметри, пренесува РТС.
Според прогнозите на метеоролозите, во текот на денот може да се случи формирање на покривка до 10 сантиметри, а ваквот време се очекува да трае до доцните вечерни часови поради температури под нулата. Снегот во мај е чест на овие височини.
Dobro jutro😉🥶 pic.twitter.com/kxf4j9Hg5G
— Na prvoj liniji Met Dejmon (@zao_los) May 16, 2025
Во Пријеполскиот регион снегот почна да паѓа во раните утрински часови, а температурата падна на само 1 степен над нулата, што беше доволно за да се спречи брзото топење на снежната покривка.
„Бевме изненадени од овој снег, а уште поизненадувачки е што се спушти на земјата, па сè побеле како во јануари. Паѓаат големи снегулки, како среде зима“, велат жителите на селата во Пријепоље.
Поради ниските температури и снегот што паѓа во ова место од раните утрински часови, на возачите кои се наоѓаат на овој планински превој им се препорачува да бидат дополнително внимателни, особено поради можноста за појава на мраз.
Исто така, на планината Рудно е зимска идила, додека во Сјеница снегот паѓа, но не се задржува на земјата.