Како Шолц го испрати на кафе Орбан и беше донесена одлуката за преговори со Украина

Трикот на германскиот канцелар доби општи пофалби затоа што единствено на таков начин моеже да се донесе одлуката за Украина


 

Околу три часа по ќор-сокакот на дискусиите меѓу лидерите на ЕУ за пристапот на Украина во блокот, германскиот канцелар му предложи на унгарскиот премиер Виктор Орбан: Испиј кафе надвор од собата, можеби.

Ако Орбан навистина не бил подготвен да се согласи на отворање на преговорите за проширување со Киев, предложи канцеларот Олаф Шолц, тој треба да размисли за накратко да ја напушти просторијата. Шолц ја упати препораката до унгарскиот лидер пред неговите колеги од ЕУ собрани околу кружната преговарачка маса на лидерскиот самит во четвртокот.

Идејата, рече Шолц, ќе им овозможи на 26-те лидери на ЕУ кои останаа да го одобрат патот на Украина за пристап со потребното едногласност – за што правилата на ЕУ велат дека исто така се исполнува ако еден лидер е отсутен – додека Орбан сè уште може да каже дека не гласал за .

Откако двајцата зборуваа на маргините, Орбан ја напушти просторијата, отворајќи го патот за историската одлука на ЕУ да ги отвори пристапните преговори со Украина по неколкудневна неизвесност со оглед на жестокото противење на унгарскио лидер.

Извонредната стратегија на Шолц, која за „Политико“ ја опишаа тројца функционери со познавање на настаните, го привлече вниманието во Брисел и пошироко. Настапот на канцеларот на европската сцена откако беше назначен во 2021 година досега беше разочарување, при што критичарите го забележаа неговиот недостаток на тактички преговарачки и комуникациски вештини во споредба со поранешната канцеларка Ангела Меркел.

Идејата дека лидерот на ЕУ мора да ја напушти просторијата за да се стигне до едногласност е крајно невообичаена. Всушност, претставниците на ЕУ и дипломатите на самитот во четвртокот не можеа да кажат дали потегот на Шолц некогаш бил користен порано.

„Тој употреби стар трик од неговото време со младите социјалисти“, рече еден функционер на самитот на ЕУ, мислејќи на младинската организација на Социјалдемократската партија на Шолц (СПД) во која канцеларота служеше како заменик-претседател во текот на 1980-тите. Функционерот, како и другите цитирани, доби анонимност за да зборува за тековните дискусии на самитот на ЕУ.

Еден официјален претставник рече дека позицијата на Орбан почнала да се колеба за време на заедничката дискусија на појадокот во четвртокот со Шолц, францускиот претседател Емануел Макрон, претседателот на Советот на ЕУ, Шарл Мишел, и претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен. За време на оброкот, Орбан се бореше да обезбеди веродостојни аргументи за неговото тврдење дека Украина страда од дефицит на владеењето на правото што ја прави неподготвена за пристапување, рече официјалниот претставник.

Поткопување на тврдењето на Орбан дека Комисијата погрешила при проценката на напредокот во реформите на Украина беше фактот што комесарот одговорен за проширувањето, Оливер Вархеи, беше близок политички сојузник од Унгарија, избран од страна на Орбан.

Неколку часа подоцна, на самитот, лидерите на ЕУ продолжија да го мачат унгарскиот премиер поради неговото континуирано одбивање да отвори разговори со Украина.

„По неколку часа во кои другите 26 лидери ги отфрлија сите аргументи на Орбан, Шолц дојде токму во вистинско време со својот предлог“, рече еден дипломат на ЕУ. „Добро ни дојде“.

Откако лидерите на ЕУ ја објавија одлуката за отворање на пристапните преговори, Орбан преку објава на Фејсбук рече: „Унгарија не сака да биде дел од оваа лоша одлука!

Дотогаш, украинскиот претседател Володимир Зеленски ја прослави најавата на Икс, велејќи: „Му благодарам на канцеларот Шолц за неговите лични напори и на Германија за нејзиното лидерство“.

Полни со пофалби беа и проукраинските извештаи за Икс, кои во минатото го навредуваа Шолц поради неговото долго колебање да ја поддржи Украина со оружје како тенкови.

„Извини за сите времиња што те исмејувавме Олаф“, напиша блогерот Сент Џавелин. „Ти си вистински пријател“. (Политико)