Како се разладува Скопје на плус 40 степени Целзиусови?


Фото: Б. Грданоски

Веќе неколку дена пеколните горештини во главниот град не попуштаат. Воздухот е врел, а краткотрајниот дожд пред два дена не донесе разладување.

Под влијание на многу топла воздушна маса од југ до 8 август продолжува периодот на стабилно и исклучително многу топло време со натпросечни температури за овој период од годината.

Фото: Б. Грданоски

Aктивирано e портокалово ниво на опасност од високи температури, а вредноста на УВ индексот изнесува 9.

Наместа долж Повардарието температурата ќе го надмине и 42-тиот степен, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

Во Скопје и околината времето следниве денови е сончево и многу топло со утринска температура до 20 степени, а дневна до 42 степени.

Некои апликации кои ги користат граѓаните за проверка на прогнозата покажуваат и температури до 43 или 44 степени.

Семафорите на некои бензински станици или аптеки покажуваат и повисоки вредности.

Фото: Б. Грданоски

Поради топлотниот бран, Владата објави препораки, меѓу кои и ослободување од работните обврски на најранливите групи на населението, како што се – бремените жени и лицата на возраст над 60 години, во установите за згрижување на децата (градинки) да не практикуваат физичка активност и да не ги изнесуваат децата на отворено во периодот од 11 до 17 часот, како и единиците на локалната самоуправа, Црвениот крст и центрите за социјални работи во регионите зафатени со топлотниот бран да имаат поактивен пристап и да пружат помош на осамени стари изнемоштени лица и бездомници.

Спас од горештините се бара во градските базени, во аква-паркот, во околината на Скопје, на Матка, Скопска Црна Гора, Водно, но и во градскиот парк.

Како Скопје се разладува во овие пеколни денови може да погледнете од фотографиите на Борис Грданоски во продолжение.

Фото: Б. Грданоски
Фото: Б. Грданоски
Фото: Б. Грданоски
Фото: Б. Грданоски
Фото: Б. Грданоски

Фото: Б. Грданоски
Фото: Б. Грданоски