Како се гради новата мобилна болница во Клинички центар


Министерот за здравство денеска изјави дека забрзано се подготвува изградбата на новата мобилна болница која ќе биде во Клиничкиот центар на местото на поранешниот студентски дом „Медицинар“ и блиску до Инфективната клиника. Трошните бараки на „Медицинар“ беа урнати пред неколку дена и на тоа место ќе биде поставена болницата чие поставување е во договор со Министерството за одбрана. Таа ќе има капацитет од 130 легла, тоалети и суви ходници. Градежната оператива работи деноноќно да го подготви теренот за болницата и се очекува тоа да биде завршено во наредната недела.

Фотографии: Борис Грданоски