Како Русите го уништија главниот мост на Днепар при повлекувањето (Видео)
Најмалку седум мостови уништиле Русите при нивното повлекување од регионот Херсон, меѓу кои и оној најголемиот преку реката Днепар наречен Антоновски. Мостот бил миниран на повеќе сегменти, кои како што се гледа од видеото се паднати во вода. Уништен е и понтонскиот мост кој го изградија руските сили како втоара рута за нивното снабдување, а потоа и повлекување откако Украинците со гранати го оштетија коловозот. Уништувањето е веројно мерка на руските инвазиски сили да го оневозможат преминувањето на укранската војска на источниот брег на реката.
Уништени се и железничките мостови Антоновски, како и автомобилските и железничките мостови над браната на хидроцентралата „Каховска“ во регионот Новаја Каховка. Си-Ен-Ен тврди дека е оштетена и браната на реката Днепар. Судејќи според сликите, вода тече од трите порти на браната.
Рускиот весник „Известија“ на 12 ноември објави видео на кое наводно се гледа моментот на минирање на патен мост кај хидроцентралата „Каховска“. Руските „воени дописници“ и „патриотските“ Телеграмски канали кои го покриваат повлекувањето на војниците од Керсон напишаа дека експлозијата на мостот Антоновски е „сигнал“ дека е завршено повлекувањето на руската група од десниот брег.
The destroyed #Antonivka Road Bridge in #Kherson. pic.twitter.com/fXMfAa2m0D
— NEXTA (@nexta_tv) November 13, 2022