Како помина првиот ден во кафулињата по новите мерки?


Фото: Б. Грданоски

Од прошетката што ја направивме во центарот на Скопје, може да се види дека кафулињата и рестораните се празни или полупразни.

Сепак, во кафулињата на улица „Мекедонија“ и на Кеј, има граѓани кои покажале сертификат за вакцинација, барем примена прва доза или доказ дека прележале Ковид-19 пред не повеќе од 45 дена.

Пред секое кафуле има редар кој ги проверува сертификатите, па оној кој уредно се легитимирал, може да испие кафе или друг пијалок. На некои локали има залепено предупредување за сите намерници кои сакаат да влезат.

Инаку, од денеска стапија на сила новите рестриктивни мерки со кои за влез во угостителските објекти и на организирани настани ќе мора да се приложи сертификат за примени вакцини или потврда за прележан Ковид-19 во изминатиот месец и половина. Со новите мерки целосно се забранува и одржување настани и работа на угостителските објекти на затворено.

Во продолжение погледнете ја галеријата што ја направи нашиот фотограф Борис Грданоски:

Фото: Б. Грданоски
Фото: Б. Грданоски
Фото: Б. Грданоски
Фото: Б. Грданоски
Фото: Б. Грданоски
Фото: Б. Грданоски
Фото: Б. Грданоски
Фото: Б. Грданоски
Фото: Б. Грданоски
Фото: Б. Грданоски
Фото: Б. Грданоски
Фото: Б. Грданоски
Фото: Б. Грданоски
Фото: Б. Грданоски
Фото: Б. Грданоски