Како пиштол реквизит може да убие човек?


Откако актерот Алек Бодвин синоќа на филмски сет ненамерно ја усмрти директорката на фотографија Халина Хачинс и го рани режисерот Џоел Соуза, во јавноста се поставува прашањето како е можно филмски реквизит да усмрти човек.

Инцидентот се случи на снимањето на филмот „Р`ѓа“, а полицијата добила дојава во 13.50 часот по локално време.

Од канцеларијата на шерифот потврдуваат дека за време на снимањето на филмот биле застрелани две лица. Халина Хачинс (42), директор за фотографија и Џоел Соуза (48), режисер, беа застрелани кога Алек Болдвин (68), продуцент и актер, испукал од огнено оружје“, се вели во соопштението на полицијата.

Болдвин, како што пишува Yahoo News, пукал од пиштол реквизит кој бил наполент со ткн. ќор-фишек. Иако истрагата за овој случај уште трае, многумина на социјалните мрежи се прашуваат како е воопшто можно да се убие човек со пиштол филмски реквизит.

Што е тоа пиштол реквизит?

За почеток треба да разбереме што воопшто е пиштол реквизит. Многумина мислат дека се работи за нефункционално оружје или дури и играчка. Иако терминот пиштол реквизит се однесува и на такви направи, сепак тој се користи за вистински пиштол што се користи како реквизит.

Зошто на филмски сет користи вистински пиштол? Причината е едноставна – уверливост. Како што појаснува инструкторот за огнено оружје Дејв Браун во напис за магазинот American Cinematographer во 2019 година, вистинско огнено оружје дава впечаток на автентичност, особено во крупни кадри. Секој што некогаш држел вистинско оружје во рака, ќе ви каже дека вистински пиштол изгледа и тежи потполно различно од лажен.

Но, како што напиша Браун, користење вистинско оружје на сет на филм или серија бара и обучен стручњак, чија работа е да обезбеди соодветно користење на оружјето во согласност со сигурносните мерки. Пиштолот, како што потсетува Yahoo News, сепак е пиштол, независно каква муниција има во него.

Што се ќор-фишеци?

Терминот ќор-фишек се однесува на вид муниција која се состои од повеќе делови: чаура, погонски материјал (обично барут) во чаурата, иницијална каписла на дното од чаурата и самиот проектил.

Кога ќе се повлече орозот од пиштолот, иглата удира во иницијалната каписла, која потоа го активира барутот, а експлозијата на врел гас ствара блесок на крајот на цевката. Чаурата потоа автоматски се исфрла од пиштолот, а механизмот автоматски вметнува нов куршум во цевката.

Ќор-фишеците се всушност идентични на куршумите, но клучната разлика е во самиот проектил. Место оловен проектил каков што користат вистинските куршуми, врвот на лашните по правило е затворен со восок или некој друг материјал кој спречува испаѓање на барутот од чаурата.

Тоа значи кога ќе се повлече орозот на пиштолот во чија цевка има ќор-фишеци, ќе добиете ефект речиси идентичен како при испалување куршум – звук, повратен удар, блесок од цевката, исфрлена чаура – сѐ е исто, освен што во тој случај нема парче олово кое со надзвучна брзина излегува од цевката.

И ќор-фишеците може да да бидат многу опасни

Но, тоа што од цевката не излегува оловен проектил, не значи дека лажните куршуми не се опасни. Имено, од цевката на пиштолот во кој има ќор-фишек и понатаму излегува гас загреан на многу висока температура, што значи дека сѐ што се наоѓа непосредно пред цевката е во незанемарлива опасност.

Покрај врелиот гас, тука е и прашањето за материјалот со кој е затворен барутот во чаурата. Иако најчесто се работи само за хартија или восок, ако сте застанати доволно блиску, и тој наизглед безопасен материјал може да стане многу опасен поради брзината со која е исфрлен од цевката. Токму затоа во 1984 година загина актерот Џон Ерик Хексум.

Тој, во паузата од снимањето на серијата „Cover Up“ ставил лажен куршум во револверот, го завртел цилиндарот и ја потпрел цевката на својата глава, како да игра руски рулет. Несвесен колку е тоа опасно, притиснал на орозот. Добил фрактура на черепот, а делови од коските му се забиле во мозокот. Починал шест дена подоцна.

Слично загина и синот на актерот Брус Ли, Брендон. Поради непрописно полнење на пиштолот, во него останал вистински куршум, па кога лажниот бил исфрлен, експлозијата во цевката го истуркала порано заглавениот куршум со кој фатално беше ранет Ли. Почина неколку часа подоцна.