Како одат обидите за бугарска асимилација на Македонците во Албанија?

Тоа се случува повеќе години. Главно ветување е бугарски пасоши.
Вака го почнува објаснувањето на бугарските емисари сред македонците во Албанија претседателот на македонското друштво „Илинден“ од Тиранa Никола Ѓурѓај. Во разговор за „Локално“ дека „во Албанија нема Бугари, тоа е историски факт“ и посочува како течат обидите за асимилација на македонското малцинство.
„Јадрото на сите антимакедонски дејствувања и замајувањето на меѓународната јавност за Бугари во Албанија е бугарската амбасада во Тирана. Оттаму се инструираат бугарски платеници и македонски изроди, преку кои во континуитет се реализира антимакедонска кампања во Албанија. Начините се многубројни и секогаш вклучуваат голема сума материјални средства или ветувања за експресно давање бугарски пасоши. Тие пасоши Македонците ги гледаат како документ за спас од немаштијата во Албанија и ништо повеќе“, вели Ѓурѓај.
Сепак според него, очигледно е дека поради последните тензии на Македонија и Бугарија, поради блокадите на Софија за спречување на почетокот на преговорите на Македонија со ЕУ, кампањата се зголемува и добива интензитет.