Како најлесно да препознаете дали јајцето е расипано?


Расипаните јајца се многу опасни по здравјето, затоа е многу важно да се провери нивната свежина пред употреба

Нутриционистката на своите следбеници им сподели трик, со чија помош лесно ќе знаете дали јајцето се уште е употребливо.

Доколку не сте сигурни дали јајцата што сте ги купиле се свежи, ставете ги во чаша полна со ладна вода. Ако паднат на дното, свежи се, а ако лебдат, тоа е знак дека треба да ги фрлите – истакнува нутриционистката.

Има уште неколку начини за проверка, а тоа е да земете плитка чинија и да ставите свежо јајце. Ако видите дека белката се лизга на неа, а жолчката не е компактна, не го употребувајте.

На сите им е познат мирисот, т.е. смрдеа на расипано јајце. Ако почувствувате мирис на сулфур и силен мирис кога ќе го скршите јајцето, ова е сигурен знак дека јајцето е расипано и треба да се фрли.