Како МПЦ-ОА го пречека задоцнетиот руски воз


Архиепископот Стефан и рускиот митрополит Антониј

 

Зошто Македонската православна црква – Охридска Архиепископија (МПЦ-ОА) го прими митрополитот Антониј, свештеник од највисокиот круг архиереи на Руската православна црква (РПЦ), најблизок соработник задолжен за меѓународните односи на патријархот Кирил, кој ја благослови војната во Украина и им вети на војниците што ќе загинат на бојните полиња во Украина дека ќе им бидат простени гревовите и кој ги велича политиките на Путин.

Митрополитот Антониј беше во придружба на амбасадорот Баздникин, чиј претходник Шчербак, изјави дека како членка на НАТОСверена Македонија е легитимна цел за напад.

Апсолутно е невозможно врвот на МПЦ-ОА да не го знае ова со што станува тотално апсурдна нивната постапка да го примат високиот претставник на РПЦ со што предизвикаа ризик за националната безбедност, пишува во својата анализа Зоран Бојаровски во „Цивилмедиа“.

„Дека е таква – скандалозна – потврдува и фактот дека јавноста во нашата земја за оваа посета и за тоа дека рускиот  митрополит ќе има средба со врвот на МПЦ-ОА, односно со архиепископот Стефан, дозна од медиумите во соседството, односно од Бугарија“, оценува Бојаровски.

За оваа „игранка“ со Москва нема никакво оправдување и од црковен аспект, ако МПЦ-ОА ја прифатила оваа средба за да ја придобие МПЦ-ОА на страната на руските црковни интереси, како што пишуваат бугарските медиуми дтои во текстот.

„Ако МПЦ-ОА мисли дека може да се вози и на овој задоцнет руски воз треба да се соочи со фактот дека така ќе се стави на страната на Москва-читај-Кремљ за преземање на приматот на Цариградската патријаршија како прва меѓу еднаквите цркви, односно за доминацијата на РПЦ во православната екумена. Но тоа не е сѐ. МПЦ-ОА ќе треба да дека прифати нема таков телешопинг во кој ќе може да ‘купи’ едно признавање на автокефалноста за да добие две“, анализира Бојаровски.