Како можеше да биде убиен еден од најдобро чуваните луѓе во Иран?


Нуклеарниот физичар Мохсен Фахризадех беше еден од најдобро заштитените луѓе во Иран. Неговото убиство фрла лошо светло врз тајната служба на Револуционерните гарди во Иран

Бесот на социјалните мрежи е огромен – „Додека тајните служби и безбедносниот апарат се зафатени со следење и малтретирање на студенти, активистки, новинарки и неистомисленици, ни ги убиваат нуклеарните научници на сред бел ден,“ се вели во бројните Твитер пораки и коментари на Иранците по убиството на Мохсен Фахризадех.

Трет пат за помалку од една година иранскиот безбедносен апарат очигледно потфрли – токму оние кои се фалат дека сѐ им е под контрола во Иран.

На 27 ноември во близина на Техеран е убиен нуклеарниот физичар Мохсен Фахризадех, еден од најважните ирански нуклеарни научници. До тогаш речиси и да не можеше да се најде негова слика на интернет. Фахризадех, кој важи за татко на иранската атомска програма, беше еден од најдобро заштитените луѓе во Иран. Во 2008 преживеа еден обид за атентат. Тогаш моторџија му закачил бомба на неговиот автомобил, но Фаризадех успеал да излезе на време. Овојпат немаше шанса.

Линкот до целиот текст на Дојче Веле тука