Како Македонија стана „Африка“ за Руанда?
Руанда, една од двете земји (со Бурунди) што беа симбол на племенско истребување, сега е една од најинспиративните држави во Африка, па и надвор од неа. Само 25 години по геноцидот главниот град на земјата се појавува како една од најинспиративните дестинации во Африка. Неодамна Руанда беше избрана за деветта најбезбедна земја во светот и најбезбедна земја во Африка од страна на Светскиот економски форум. И не само тоа.
Кигали, главниот град на оваа држава се прослави како најчист град во Африкапоради целосната забрана на пластичките кеси, а според некои е најчист и најиновативен во зелена смисла во светот. Затоа, една од најдобрите работи што можете да ги направите во Кигали е да талкате по неговите паркови и градини.
Градот има фантастично разновидна архитектура, од историски градби со елегантни камени и разбранувани градини, до помодерни структури, како осветлениот хотел „Радисон Блу“ кој личи на меурчиња. Во последниве години, патиштата во градот исто така станаа помалку полни, а овој тренд се чини дека ќе продолжи, делумно поради планираното воведување на шема за е-велосипеди финансирана од владата.
Годинава, на состанокот на Светскиот економски форум во Давос, раководителот на Програмата за животна средина на ОН, Ерик Солхајм, го нарече Кигали „најчист град на планетата“, и во смисла на недостаток на ѓубре на улиците и по зелени иницијативи. Комбинацијата на владини шеми го направи главниот град на Руанда многу поуреден од порано.
Напорите за расчистување делумно се одговор на брзиот раст на главниот град, во кој бројот на населението се удвои од 1996 година, на околу 1,3 милиони жители. Наспроти урбаната мафија што се случува кај нас, со претерано градење и уништување на зеленилата, зголемено загадување и неуспешно менаџирање на ѓубрето, во Руанда во 2013 година општинските власти подготвија главен план за подобрување на животната средина, истовремено обидувајќи се да промовираат социјална инклузија, одржлив економски развој и пристап до граѓански објекти.
Во фокусот беше сообраќајниот метеж и, за да го ублажи, владата на Руанда потроши 76 милиони американски долари за асфалтирање тесни улици, проширување на сите главни патишта до двојни коловози и подобрување на знаците.Исто така, ги надгради автобуските линии меѓу предградијата и центарот на градот за да ги охрабри луѓето да користат јавен превоз. Дополнително владата посвети речиси 40 милиони американски долари за преместување на неколку десетици фабрики во поранешна индустриска област во новоформираната Специјална економска зона, а наедно почна да отстранува скоро 2.100 помали бизниси – од автомеханичари до ресторани,со цел да се врати земјата во нејзината природна состојба до 2020 година.
Клучни придонесувачи за зелената револуција во Кигали се самите жители од кои, како и од сите граѓани на Руанда, се бара еднаш месечно да посветат еден ден за работа во заедницата, наречен „умуганда“. За разлика од другите релативно чисти градови како Сингапур, Кигали, главниот град на Руанда, се чини дека постигна чиста животна средина без закана од строги казни. Според Џули Мутони, менаџер на DHL Express во Руанда, ова заедничко чистење поттикнува единство меѓу жителите.
„Сите, вклучително и претседателот, учествуваат во чистењето на градот, а денот на чистење и помогна на Руанда да се опорави од геноцидот и граѓанската војна на повеќе начини преку создавање чувство за цел и заедништво меѓу луѓето“.
Во Руанда, умуганда е традиционална практика која датира од предколонијалниот период за време на кој членовите на заедницата се собирале за заедничка цел. Активноста има економски и социјални влијанија и беше охрабрена како начин за зајакнување на граѓанската одговорност.
Откако ја презеде функцијата во 2000 година, претседателот Пол Кагаме добро ја искористи умуганда за да помогне во чистењето на главниот град од расфрланите гранати, а истовремено промовирајќи ја идејата за кохезивен национален идентитет. Тој ја официјализираше умуганда како колективен настан во последната сабота во секој месец кога сообраќајот е запрен три часа наутро, а градот се собира за да се среди.
Градоначалникот на Кигали сега воведува лекции за свесност за чистотата и хигиената во основните училишта. Групата жени кои се релативно малку платени за чистење на градот ја сметаат својата работа за патриотска должност. Претседателот Кагаме е познат по својата цврстина, но сепак граѓаните на Кигали не добиваат казни за фрлање отпад наоколу. Тоа едноставно не се случува. Луѓето се гордеат со верувањето дека нивниот град е „почист од Њујорк и Лондон“.
Практично, последната сабота од секој месец, помеѓу 8 и 11 часот, најмалку едно лице на возраст меѓу 18 и 65 години во секое домаќинство во Руанда мора да излезе надвор и да исчисти, поправи или заврши работи што значат одржување.
„Сега сите знаат што треба да прават“, рече таа. „Имаме она што го нарекуваме „ќелии“ од околу 10 куќи. Секоја ќелија има група WhatsApp што треба да ја организира и да се одржува контакт. Умугандата е исто така начин да се дружите“, вели една жителка.
Уште при излегувањето од аеродромот се забележува дека Кигали е неверојатно чист. Пластичните кеси овде се забранети со години . Но, тоа е последното нешто, за дружењето, кое може да има подлабоки ефекти.