Како лекарите се обидуваат да ги заштитат новородените од корона вирусот


Корона вирусот можеби е најопасен за постарите, но вестите кои секојдневно стигнуваат од цел свет велат дека ни најмладите не се поштедени.
Во американската сојузна држава Илиноис, почина бебе на шестмесечна возраст.
Бебињата бараат посебна нега во услови на епидемија, а фотографиите ни покажуваат како тајландските лекари се обидуваат да ги заштитат штотуку родените.
Тамошните лекари на бебињата им ставаат визири за да ги заштитат од корона вирусот со оглед на тоа што до сега е познато дека вирусот се пренесува преку капки.