Како корона вирусот се однесува на долги авионски летови?


Корона вирусот лесно може да се пренесе на долги летови со авион, покажуваат резултатите од истражувањето на американскиот Центар за контрола и превенција од заразни болести.

Во студијата се проучува случај на жена која во март патувала со бизнис класа од Лондон за Виетнам.
Иако пред летот ѝ била измерена температура, симптомите ѝ се јавиле во следните денови, а петтиот ден е тестирана позитивно, пренесе Би-би-си.

Со следење на контактите установена е врска меѓу нејзе и уште 15 патници кои подоцна, исто така, биле позитивно тестирани на Ковид-19.

Во студијата се укажува дека во тоа време маските не биле задолжителни на летовите, па така не е веројатно дека повеќето патници ги носеле.