Како ќе изгледа првата Оскаровска гала вечер во НОБ: Дел од атмосферата на генералната проба (фото)

Скопје вечерва ќе биде во духот на Холивуд со црвен килим, гости во тоалети и смокинзи и „дружба“ со најубавите филмски песни наградени со „Оскар“ кои ќе бидат изведени од врвни поп и оперски пејачи во придружба на оркестарот на Национална опера и балет и Националниот џез оркестар.
Во пресрет на 96. доделување на филмските награди „Оскар“, на 10 март во Лос Анџелес, Националната опера и балет од 20 часот ќе ја организира првата Оскаровска гала вечер.

НОБ на Фејсбук објави дел од атмосферата на генералната проба за вечерашната (28.2.2024) прва Оскаровска гала вечер.