Како ќе изгледа Андреа на Евросонг- втора проба на сцената во Торино (видео)


Италија– Македонската евровизиска претставничка Андреа денес ја имаше втората техничка проба со целосна костимографија и шминка, на сцената на Пала Олимпико во Торино, годинава домаќин на Евросонг од 10-14 мај. Сценографијата за време на настапот на Андреа на 66. Евросонг  е пулсирачка графика и драматично светло.

За потребите на 66-тото издание на Евровизија, домаќинот Rai на сцената постави кинетичко сонце инспирирано од италијанскиот народ.

„Кинетичкото сонце ќе понуди динамика и трикови со светлината и ќе доминира на сцената отсликувајќи го италијанскиот темперамент: секогаш во движење, бунтовни, креативни, гостопримливи, страствени, интуитивни. Ние сме луѓето кои го носат сонцето во себе“ – опишува Франческа Монтинаро, дизајнерката на кинетичкито сонце.

Во Торино е и евровизиската македонската делегација (Мери Попова, Александра Јовановска, Александар Масевски и придружните вокали Ана Петановска и Рената Кралевска).

„Се надевав на добра проба, но ова е уште подобро. Сцената е огромна и пресреќна сум. Бескрајно сум благодарна за ова искуство“ – изјави таа на официјалната прес-конференција по првата проба.

„Едвај чекам да дојде 12-ти мај и да ви покажеме што имаме сработено. Ова е најпрекрасното искуство што го имам доживеано“ – со ентузијазам дополни Андреа.

 

Во истата вечер со Македонија, ќе пеат и Србија, Црна Гора, Австралија, Грузија, Кипар, Финска, Азербејџан, Сан Марино, Израел, Малта, Романија, Чешка, Полска, Белгија, Естонија и Ирска.

Во првата полуфинална вечер на 10 мај ќе настапат претставниците на Албанија, Бугарија, Грција, Латвија, Швајцарија, Словенија, Молдавија, Украина, Литванија, Холандија, Норвешка, Русија, Португалија, Данска, Еврменија, Австрија и Исланд.

Финалето е на 14 мај. 

Италија го доби правото на настанот следната година кога Манескин и ја донесе првата победа на нивната земја од 1990 година со песната „Zitti e Buoni“ на ланскиот натпревар во мај во Ротердам.


Раи ќе биде домаќин на Изборот за песна на Евровизија по трет пат, откако претходно го организираше настанот во Неапол во 1965 година и Рим во 1991 година. 
МРТ ќе врши директен пренос од сите три вечери.
 
Фото: ЕБУ