Како киселите мандарини да станат благи за неколку минути? Никогаш полесен трик за кои многумина не знаат


Доколку сакате мандарини, овој едноставен трик ќе ве воодушеви.

Мандарините не само што се вкусни туку се и многу здрави. Содржат витамин А, како и поголема количина на витамин Ц, па благодарение на нив успешно се борат против воспалителните процеси. Мандарините, исто така, му помагаат на имунолошкиот систем да ги открие, а потоа и да ги уништи штетните, патогени организми, со што ни помага да се заштитиме од грип, да речеме, во сезоната што претстои. Но, често се случува наместо слатки да купите кисели мандарини. Веќе не треба да се грижите дали сте избрале вкусно овошје, бидејќи лесно и брзо можете да го подобрите неговиот вкус.

Еден начин е да ги изложите мандарините на високи температури, т.е. да ги чувате на прозорецот на светло сонце околу 2-3 дена. Додуша, во зима е малку потешко да се направи такво нешто, а мандарините се зимско овошје. Постои уште едно решение, кое е побрзо и попрактично. Се што треба да направите е да истурите топла вода, приближно 40°C, во садот. Па оставете ги да отстојат околу 10-15 минути.Веднаш потоа натопете ги во ладна вода и толку. По неколку минути, мандарините веќе не се кисели, туку слатки.