Како изгледаат сега бранителите на „Азовстал“ (Галерија)

Речиси два месеци руските војници се обидуваат да ја заземат фабриката „Азовстал“, но досега не успеаја. Вака сега изгледаат сега некои од неговите неговите бранители


 

Битките за челичарницата „Азовстал“ во Мариупол траат речиси два месеци – тие почнаа од средината на март. Сега фабриката е последниот центар на отпор во окупираниот од руските сили Мариупол.

На крајот на април, рускиот претседател Владимир Путин нареди да се прекине нападот, но опсадата да биде таква „да не може ни мува да прелета“. Сепак, бранителите на „Азовстал“ редовно известуваат за ново гранатирање – а главната цел е да се заземе фабриката. Бранителите се во огромните подземни бункери, речиси без храна и медицинсла помош.

На почетокот на мај, цивилите беа евакуирани од територијата, а на 8 мај борците на Азовскиот полк, кои ја бранат челичарницата, изјавија дека ги потрошиле „сите ресурси за ефикасна одбрана“. Два дена подоцна, каналот на Телеграм на баталјонот објави фотографии од ранети војници и побара „целиот цивилизиран свет“ да помогне во нивната евакуација: „Светот мора да ги види условите во кои се наоѓаат ранетите, осакатени бранители на Мариупол и да дејствува“. Еве ги сликите. Повеќето од нив се многу вознемирувачки.

Фотографиите ги направил припадникот на Азовскиот полк Дмитро „Орест“ Козацки.