Како изгледаат модерните продавници на „Фешн груп“ во Ист Гејт мол?


Фото: Б. Грданоски

Вистински празник за љубителите на модата деновиве се случува во продавниците на Fashion Group во East Gate Mall. Вчера беше организирана шопинг авантура на медиумите и лојалните купувачи почнувајќи од OKAIDI во присуство на Црвениот Крст на Град Скопје и нивните штитеници, потоа следеше сечење на лента во PARFOIS, брендот SPRINGFILED, TIMBERLAND, Fashion & Friends, MANGO и новиот италијански бренд за мажите Dan JOHN. Fashion Group најавува отворање на 10 ноември продавница на уште еден познат светски бренд за шминки, KIKO MILANO.

Фото: Б. Грданоски

Во семејството на групацијата е и португалскиот моден бренд за модни додатоци Parfois, кој е присутен на македонскиот пазар на пет различни локации, а сега го зајакнува своето присуство во земјата со отворање на новата продавница на површина од 104 м2, во новоотворениот трговски центар East Gate Mall.

Фото: Б. Грданоски

И брендот Hugo Boss  покрај машката, за прв пат нè запознава и со женската колекција, составена од внимателно одбрани парчиња за дамите со уникатен вкус.

Фото: Б. Грданоски

– Секоја наша продавница е со нов модерен изглед според светски стандарди затоа претставува и предизвик за секој наш лојален купувач. Сите колекции се внимателно одбрани за да се задоволат вкусовите на модните „зависници“. Ги покануваме сите да бидат дел од нашите модни приказни, истакна Јордан Колевски, маркетинг менаџер во Fashion Group.

Фото: Б. Грданоски

Посетителите имаат можност во продавницата на машкиот италијански бренд Dan John ( кој ќе биде силна конкуренција на машката колекција на „Масимо Дути) да уживаат во настапите на познати машки танчери во стилот на „Great Gatsby“, преку која ја претставија софистицираната колекција, проследено со многу изненадувања за новите купувачи.

– Еден од омилените брендови на жените MANGO овојпат со двојно засилување: машка и детска колекција. Ако се двоумевте каде да ги набавите сите парчиња облека во неутрални бои за најмалите, тогаш веруваме дека тоа ќе го сторите во детското катче во продавницата на Mango во East Gate Mall. Подеднакво возбудливо е пристигнувањето и на машката колекција со потпис на MANGO, како една од најсофистицираните во Европа изминатите неколку години. Со заокружување на сите три колекции на брендот, веројатно вашето семејство ќе биде постилско од кога и да е, додаде Колевски.