Како изгледа животот на минус 50: Романец веќе 17 години живее во најстудениот дел од светот


 

Иако преселбите од една во друга држава не се ништо невообичаено, Романецот Мариус Гуира пред 17 години се решил на екстремен потег. Од округот алба кој се наоѓа на западот од Романија, Гоира со семејството решил да се пресели во еден од најстудените делови од светот – Бурјатија во Русија.

Пред неколку дена, Гуира на Фејсбук сподели со јавноста како е да се живее во овој дел од Русија.

„Веже 17 години живееме во Бурјатија. Никогаш во сите овие години во Улан-Улде официјално не било олку студено. Неофицијално, во разни приградски населби било минус 40 степени. Колку за пример, во 2017 година бадворешниот термометар на куќата од пријателот со кој славев Нова година покажа минус 42 степени Целзиусови. Утрово истиот термометар покажа мину 50“, вели Гуира.

Кога станува збор за купување во такви услови, Гуира вели дека тоа треба да се направи што поблиску до дома, затоа што на такви температури тешко се дише.

„Отидов утрово во продавница пеш. Млеко, леб, компири, влегов во три продавници во радиус од 500 метри. Ако не поминете многу време надвор, може да преживеете. Иако тепко ќе дишете, ноздрите ќе ви се соберат, а на мустаќите ќе ви се нафатат мразулци по само неколку минути дишење студен воздух“, продолжува со приказната Романецот.

Објасни и како е да се вози по студениот Сибир. На минус 50, за да тргнете со автомобилот мора да го подготвите неколку часа порано.

„На овие температури акомулаторот воопшто не работи. Вратите тешко се затвораат, дури од трет, четврт обид. Низ град, со сопирање, палење, пауза, и загревање на моторот, нашиот автомобил троши 20 литри годиво на 100 км. Ако е навистина студено, во такви услови моторот мора да работи по 30 минути на секој час. Инаку, ризикувате никогаш повеќе да не запали“, вели Гуира.

Поради екстремните временски услови, децата не одат во училиште, а училиштата се затворени.

„Време е за добра книга во библиотека или гледање филмови. Можеби ќе успееме да одиграме и нешто дома. Уно и многу добри работи. Нека ни е Бог на помош„, порачува Романецот.