Како е да се живее во стан од седум квадратни метри во Токио (видео)


Цените за изнајмување на станови во Токио се екстремно високи, па така достапни станови кои може да се изнајмат за 250 евра месечно се популарни меѓу Јапонците.

Иако се евтини, овие станови се исклучително мали, понекогаш имаат само неколку метри квадратни, пренесува хрватскиот портал Пункуфер.

Јапонскиот јутјубер Усуи живее во еден од овие микро-апартмани. Бидејќи живее во својот стан од седум квадрати во Токио, тој редовно објавува видеа на својот канал „Живот во микро стан“.

Иако во станот нема многу простор, Усуи вели дека има се што му треба за живеење.

Најголем простор во станот е спалната соба, каде има кревет, биро со стол и машина за перење.

На седум квадратни метри има и простор за мини бања со туш кабина и WC, како и мијалник и простор за складирање.

Кога Усуи сака да готви, користи индукциона плоча за готвење, но повеќето од оброците ги јаде надвор.

Месечната кирија за станот е 39.000 јени или околу 250 евра.

Како изгледа еден ден во микро-стан од седум квадрати погледнете во видеото.