,,Како да станам моден дизајнер“ од Зорка Тодорова-Младеновиќ: Промоција на Саемот на книга


Вечер, од 19 часот, на Саемот на книга во Скопје ќе биде промовирана книгата ,,Како да станам моден дизајнер“ (издание на „Арс Ламина) на почитуваната костимографка Зорка Тодорова-Младеновиќ , една од ретките кај нас која работела во славното време на Ју-модата и на македонските филмови кои оставија трага во кинематографијата.

Станува збор за прва книга од ваков тип на македонски јазик, која што им излегува во пресрет на фантазијата и желбите на оние кои сериозно сакаат да се занимаваат со модата како мошне креативна применета уметност. Дава мошне поучни совети, со оглед на тоа дека авторката предавала Историја на облека и Модна креирање како доцент на ФЛУ и вонреден професор на ТМФ и ФОН, каде што се пензионирала.
-Кај нас не постои литература за мода. Барем засега. Интересот да се стане моден дизајнер со години е голем. Модниот дизајн денес и кај нас се изучува на повеќе факултети но досега немаше никаков прирачник или книга наменета за процесот на школување на моден дизајнер. Книгата е така конципирана да му овозможи на секој оној што се интереира за модната индустрија или да стане дел од неа да осознае што се е потребно за да се совлада за да се биден моден дизајнер. Книгата може да се нарече и буквар за модниот дизајнер – ги содржи сите процеси кои треба да ги помине. Со читањето, младиот човек треба да увиди дали навистина е подготвен сите тие неопходни информации да ги совлада. Талентот и желбите за таа професија се само почеток и бараат многу упорност, но потребна е работа и совладување на многу информации за да се формира идниот моден дизајнер, ни изјави Младеновиќ во интервју за „Независен“. (Л.С.)