Како да го исчистите тепихот со помош на омилениот пијалок на нас Македонците: Ќе биде како нов


Во зависност од видот на тепихот, некогаш тешко е да се отстранат тврдоглавите дамки. Тогаш единствено може да ви помогне сервис за перење теписи, но зошто да трошите пари кога постои начин сами да го исчистите тепихот.

Експертите за чистење откриваат неколку трикови за чистење на теписи користејќи работи што ги имате низ домот. Ако сте истуриле кафе или чај, едно шише пиво може да ги отстрани новоформираните дамки.

Се препорачува да истурите малку пиво врз дамката и нежно да ја триете со крпа. За поголеми, тврдоглави дамки, можеби ќе треба да исчистите уште малку со крпата за да ги отстраните дамките од чај и кафе. Откако ќе исчезнат дамките, стручњаците советуваат да го исплакнете тепихот со малку вода и да го исушите и ќе изгледа како нов!

Исто така, солта може да биде одличен сојузник во отстранувањето на дамките.

„Дамката посипете ја со сол и оставете ја околу еден час да впие поголем дел од течноста. Кога тепихот ќе се исуши, отстранете ја солта и слободно исплакнете ја со малку детергент и вода“, се советите на крајот.