Како би изгледале Маск, Гејтс, Безос… кога би биле сиромашни: Фотографии создадени со вештачка интелигенција


 

Секој користи алатки за вештачка интелигенција за да создаде уникатни и интересни фотографии. Неодамна, фотографиите на Доналд Трамп како е уапсен и папата Франциско облечен во голема бела пуфер јакна станаа вирални. Иако многумина ги помешаа како вистински, тие беа лажни и создадени со помош на алатки за вештачка интелигенција.

Сега, уметник кој ја користи вештачката интелигенција, Гокул Пила, создаде фотографии од милијардери кои покажуваат како би изгледале кога би биле сиромашни, пишува Индија Тудеј.

За таа цел беше искористен Midjourney, програма за вештачка интелигенција, за да ја преобликува реалноста и да го претстави светот на милијардерите во малку поинакво светло.

Резултатите несомнено изгледаа зачудувачки и реални. Овие фотографии станаа вирални на интернет, но мора да се забележи дека ова се лажни фотографии и создадени со помош на една од најпопуларните алатки за вештачка интелигенција.

Пила создаде фотографии од Доналд Трамп, Бил Гејтс, Мукеш Амбани, Марк Цукерберг, Ворен Бафет, Џеф Безос и Илон Маск. На фотографиите тој ги замислил сите овие милијардери како сиромашни и како би биле нивните животи доколку живеат во сиромашни квартови. Фотографиите ги објави на својот Инстаграм профил и напиша: „Милионери од сламови. (Дали пропуштив да вклучам некој во списокот?)”.

На фотографиите, милијардерите можат да се видат облечени во партали додека стојат наспроти позадината на една сиромашна област.

Погледнете ги фотографиите генерирани со вештачка интелигенција подолу: