Кајли со чувари 24/7 : Најмладата милијардерка со нов дом во Калифорнија


САД–  Кајли Џенер (23) соственичка на Kylie Cosmetics и најмлада милијардерка според „Форбс“, штотуку купила нов дом во Холмби Хилс, Калифорнија. Имотот чинеше 36,5 милиони долари, а според „People“, „луксузната резиденција може да се пофали со седум спални соби и 14 купатила“, а „дури има и 20 места за паркирање за неколку луксузни автомобили на Кајли и 24/7 чувари“.

Кајли, која сега, во карантин, живее со ќерка си Сторми во соседството, наводно, добила огромен попуст, бидејќи имотот неодамна беше на пазарот за 45.950.000  долари.