Кај Жировница откриени двајца Албанци со два килограма марихуана


Граничната полиција привела двајца албански државјани во близина на селото Жировница поради сомнение дека шверцувале наркотична дрога марихуана.

Според СВР Тетово, при контрола на возило со албански регистарски ознаки, вчеравечер, во 23 часот и 10 минути, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Жировница во багажниот простор бил најден ранец во кој имало околу два килограма марихуана. Двајцата албански државјани кои биле во возилото Е.Л.(18) и Е.Ч. (33) се лишени од слобода и задржани во Полициската станица Гостивар за целосно расчистување на случајот.