Кај Прага ископана таинствена структура постара од Стоунхенџ и од пирамидите


 

Археолозите во плизина на Прага во Чешка, открија остатоци од каменото доба која е постара од Стоунхенџ, па дури и од египетските пирамиди – таинствен комплекс познат како рондела.

За сега уште не е позната точната намена на оваа структура стара речиси 7.000 години, но можеби локалното земјоделско население од тој период ја користело како некој вид собиралиште.

Се работи за голем круг со пречник од 55 метри. Иако не се знае многу за градителите, стручњаците сметаат дека припаѓале на културата на линеарна керамика која цветала меѓу 4.900 и 4.400 година пред Христос, рече за „Лајв сајанс“ археологот Јарослав Ридки, портпарол на Институтот за археологија на Чешката академија на науките.

Ринделите ги имало на повеќе археолошки култури

Научниците прв пат дознаа за ронделата во Винор 1980 година, кога градежните работници посавувале цевковиоди за гас и за вода, но новите ископувања прв пат ја ископа цела структура. Досега археолозите на тоа подрачје проначле фрагменти керамика, животински коски и камено орудие.

Жителите на линеарната култура познати се по изработка на округли премети. Нивните земјоделски населби, сместени на крстосницата на денешна Полска, источна Германија и северот на Чешка, се состои од неколку долгнавести куќи, правоаголни структури во кои можело да живеат 20 до 30 луѓе.

„Познавањето на градбите рондели се протега на повеќе археолошки култури. Нив ги подигале различни заедници низ цела средна Европа“, наведува Ридки.

Ронделите станаа особено интересни пред неколку децении, која археолозите почнаа да користат фотографии снимени од воздух. Ридки наведува дека се работи за „најстари докази на архитектурата во цела Европа.“

Гледањето одозгора, овие структури се состојат од повеќе широки, кружни вдлабнувања со неколку празнини кои служеле како влезови. Внатрешниот дел на секоја роднела веројатно бил обложен со дрвени стапови. Иако е јасно дека ваквите градби биле исклучително популарни во доцниот неолит, уште не е позната нивната точна функција.

Ѕвездарница, календар или собиралиште?

Во 1991 година, во Германија, пронајдена е најраната позната рондела, која исто така била поврзана со културата на линеарната керамика. Нејзиниот пречник изнесува 75 метри и имала двојна дрвена ограда и три влеза. Бидејќи двата влеза одговарале на излезот и залезот на сонцето во текот на летниот и зимскиот солстициум, едно од толкувањата е дека таа имала улога на „увездарница“ или некој вид календар.

Но, Ридки повеќе сака да верува на општата интерпретација на структурата во Винор, велејќи дека „ронделите веројатно комбинираат неколку функции, со тоа што онаа друштвено-ритуалната била најважна“, Додава дека ронделите веројатно се градени како собиралишта за поголем број луѓе, можеби со цел одбележување некои важни настани за заедницата, како обредот за растење, астрономски појави или економска размена.

Со оглед на тоа дека луѓето кои ги граделе ронделите користеле само орудие од камен, нивната големина е навистина импресивна. Најчесто имаат пречник од околу 60 метри, што е половина од должината на фудбалско игралиште. Но, археолозите не знаат многу за самите градители затоа што до сега се пронајдени малку предмети кои можат да понудат повеќе информации за тоа како изгледал нивниот начин на живот пред седум илјади години.