Кај двајца браќа од Скопје пронајдена марихуана

Двајца браќа од Скопје се приведени бидејќи при претрес во нивниот дом пронајдени се повеќе различни пакувања марихуана и оружје.

Министерството за внатрешни работи денеска соопшти дека претресот е направен вчера со судска наредба во домот на Д.Ч (20) на улицата „Кленоец“ во периодот од 19 до 21:05 часот.

Покрај марихуаната, пронајдени се и воздушен пиштол калибар 14,5 мм, еден куршум калибар 7,62 мм, како и дигитална вага со остатоци од марихуана.

По целосно документирање на случајот, против браќата Д.Ч и И.Ч ќе бидат поднесени соодветни пријави.

loading...