Кај Богданци откриени 86 мигранти


 

Службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор „Стар Дојран“, синоќа во 23.30 часот кај место викано „Каменот“ во Богданци, го лишиле од слобода Д.М. (44) од Скопје, кој е осомничен за криумчарење на мигранти.

Како што информира МВР, при преглед во товарно возило „Сканија“ со приколка, кое го управувал Д.М., биле пронајдени 86 мигранти од Пакистан, Сирија и Индија, меѓу кои имало и малолетници.

– Мигрантите биле пренесени во Прифатниот транзитен центар „Винојуг“ во Гевгелија. Возачот бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, се додава во соопштението на МВР.