Кафулињата и рестораните масовно се затвораат: „Само што почна“


Кризата ги затвора рестораните и кафулињата во Германија – тешките времиња за германските ресторани продолжуваат.

Од првата пандемија во 2020 година, околу 48.000 компании се затворени, а 6.100 банкротирале, според студијата на агенцијата Kreditreform.

Експертите очекуваат продолжување на лошиот тренд.

„Бранот штотуку започна“, рече Патрик-Лудвиг Ханч, водач за истражување на агенцијата, пренесува dpa.

Само минатата година секој десетти претприемач во гастрономијата се откажа од бизнисот. Затворени се 14.000 локали, што е повеќе од претходните три години.

Ист е случајот и со стечајците, кои во 2023 година биле за 27 отсто повеќе, според податоците на Kreditreform, повеќе отколку во економијата во целина.

Најголем дел од малите фирми, со до 10 вработени биле несолвентни – 88 отсто од сите.

Ханч вели дека една од причините е владината помош за време на карантинот. Субвенциите обезбедија опстанок на многу компании и првично спречија затворање на бизниси.

„Угостителството е еден од главните губитници во низата кризи во последниве години“, рече Ханч, објаснувајќи дека индустријата сè уште не закрепнала од пандемиската криза, а потоа пристигна и ударот на инфлацијата.

Дополнително, во средината на 2020 година, Владата привремено го намали ДДВ-то за угостителите, од 19 на седум проценти. Сепак, од јануари, редовните стапки се враќаат на сила.