Кафански рецепт за рибна чорба: Вкусот ќе ве воодушеви!


Во тек е Велигденскиот пост, најстрог и најдолг од сите во православниот календар.

Како што се ближи крајот на Великиот пост, на домаќинките им снемува идеи за подготовка на храна. Еден од најубавите рецепти е секако рибната чорба во кафански стил:

Оваа рибна чорба ќе ве освои, па ќе ја јадете и во мрсни денови:

1,5 кг исчистена риба (крап, бела риба, штука)
500 гр кромид
1 лажица мешавина од суви зачини
1 лажичка сол
1 лажица мелена слатка пиперка
1 лажица мелена лута пиперка

Начин на подготовка:

Кромидот ситно се сечка, се става во тенџере, се додава литар вода, сувите зачини и се варат околу половина час, надополнувајќи ја водата кога ќе испари. Потоа додадете пиперка, повеќе вода и варете 20 минути. Додадете ја рибата, истурете уште малку вода за да се направи чорбата и варете 20 минути додека рибата не се свари.