Кадиров: Целта на специјалната операција е уништување на сатанизмот


Претседателот на Чеченија, Рамзан Кадиров, на апликацијата Телеграм објави дека целта на „специјалната воена операција“ во Украина за него е „целосно уништување на манифестациите на сатанизмот“.

„Дозволете ми да парафразирам еден познат цитат – само да одиме напред и ништо нема да не спречи“, напиша Кадиров, пренесува Index.hr.

„Целта на специјалната операција за нас е целосно уништување на манифестациите на сатанизмот: Сатаната, нацистите. За нив има многу дефиниции, но суштината е секогаш иста. Нивната вистинска суштина е недостатокот на хуманост, морални принципи, ширење на зли духови. Затоа, тие се сатанисти за нас. Да ги победиме е наша цел и задача“, напиша Кадиров.