Каде се крие принцот Хари кога сака да побегне од Меган: Принцот бесен, тврди дека се е измислено


„Гласините дека принцот Хари има изнајмена соба во луксузен хотел во близина на семејната куќа во Монтесито, Калифорнија, воопшто не се точни“, тврдат Меган Маркл и претставникот за печат на нејзиниот сопруг.

Во британските медиуми одекна веста дека Хари понекогаш мора да се повлече и да се држи настрана од Меган, бидејќи треба да биде сам.

Таткото на две деца – синот Арчи (4) и ќерката Лилибет (1) знае како да „побегне“ во блискиот клуб за да се осами малку, пишуваат британските медиуми. Станува збор за луксузен клуб „Сен Винсент“ чии бунгалови се наменети за гости со посебни барања.

Клубот собира приватни членови и има строги правила, а дава се од себе да го заштити приватниот живот на оние кои ќе изберат да останат во овој гламурозен простор. Репутацијата на „Свети Винсент“ во близина на Лос Анџелес е таква што не им требаат социјалните мрежи за рекламирање, ниту пак го сакаат тоа.

Овој клуб нема да го најдете на Инстаграм, само понекогаш се појавува некој детал чии слики ги објавуваат привилегирани гости, како на пример ова мени од свечен деловен ручек.

 

 
 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Crew Travel (@crew)