Кабелски оператори: Нема да дозволиме телевизии да се богатат на грбот на граѓаните


Фото: Б. Грданоски

Асоцијација на кабелски оператори „АКО“ не се согласува со намерата на Владата на  да се формира фонд за подршка на медиумите,  кој е треба да го финансираат кабелските оператори.

-Ваквата намера на Владата ќе предизвика зголемување на месечната претплата која граѓаните на нашата држава во овие тешки времиња ќе мора да ја поднесат. Доколку Владата ја донесе Уредбата со законска сила со која ќе се формира фонд за подршка на „профитабилни“ медиуми, ја известуваме јавноста дека кабелските оператори ќе бидат приморани да ја зголемат месечната претплата на своите претплатници, или да пристапат кон исклучување на телевизиските канали кои во овие тешки времиња сакаат да се богатат на грбот на граѓаните, стои во соопштението на кабелските оператори.