Kако да го заштитите организмот од празнично прејадување


Поминаа новогодишните забави, а уште се свежи и сеќавањата од прославувањето на „најлудата“ ноќ…

Високо калоричната храна беше и сѐ уште е дел од нашето секојдневно мени, а секако на трпезата беше неизбежно и присуството на алкохолните и безалкохолните пијалоци.

Ред е да се присетиме дека во претстојниот период доаѓаат и Бадник и Божиќ, а уште попотребно е и да се потсетиме на фактот дека една просечна празнична гозба може да го „почести“ нашиот организам и со повеќе од 6.000 калории.

Па така, не треба да сме експерти за да ни е јасно дека ова е многу повеќе од препорачаниот дневен внес на калории,

Во продолжение погледнете неколку трикови со чија примена ќе можете да јадете, а сепак да не го шокирате организмот:

– Иако се празници, задржете ги дневните рутини на вежбање и физичка активност, макар тоа да е и само пешачење. Прошетајте по оброкот и користете скали, наместо лифт.

– Доколку сте на гости, не земајте „репете“ само за да ги пофалите домаќините.

– Водете сметка за внесот на алкохол во организмот, преполн е со шеќери и калории. Консумирајте го разумно и во мала мера. Според нутриционистите виното се смета за алкохолен пијалок со најниска калориска вредност.

– Не прескокнувајте го појадокот – можеби единственото златно правило на исхраната што останало непроменето сите овие години важи и за празничниот период.

– Јадете полека. Доколку брзате, може да не почувствувате кога сте навистина сити и да се прејадете. Истото правило важи и за по празниците.